Ирак воведува казна затвор за геј бракови, промена на пол и промоција на хомосексуалност

Ирачкиот парламент усвои закон со кој се криминализираат истополовите врски и се воведува максимална казна од 15 години затвор за ова дело. Овој потег е насочен кон зачувување на верските вредности, но активистите за човекови права го осудија како последен напад врз ирачката ЛГБТ заедница, пренесува Ројтерс.

Законот беше поддржан од главно конзервативни шиитски муслимански партии кои ја формираат најголемата коалиција во мнозинскиот муслимански ирачки парламент.Овој акт „за сузбивање на проституцијата и хомосексуалноста“ забранува истополови односи под закана за казни од најмалку 10 и максимум 15 години затвор и предвидува најмалку седум години затвор за секој кој промовира хомосексуалност или проституција.Исто така, казна затвор од една до три години е пропишана за секој што ќе го промени „биолошкиот пол“ или за маж кој носи феминизирана облека.Предлог-законот првично вклучуваше смртна казна за истополови дела, но беше изменет поради силното противење од САД и европските земји, наведува Ројтерс.„Усвојувањето на законот против ЛГБТ од страна на ирачкиот парламент потврдува дека правата на ЛГБТ луѓето се ужасно прекршени во Ирак и е сериозен удар за основните човекови права“, рече Раша Јунес, заменик-директор на програмата за правата на ЛГБТ Хјуман Рајтс Воч.

Поврзани објави
Total
0
Share