Интер се радува на нова титула во Серија А, со победа во градското дерби против Милан, избраниците на Симоне Инзаги го осигураа Скудетото број 20.Интер во иднина ќе има две ѕвезди на дресот, вечерва „нероаѕурите“ се радуваат на јубилејното Скудето број 20.На пет кола до крајот на сезоната, избраниците на Инзаги испишаа историја, и за прв пат во директен дуел со градскиот ривал Милан, и математички ја осигураа титулата.Ачерби ги донесе гостите во предност од 0-1 во 18. минута, дефанзивецот беше оставен сам по еден корнер и со глава ја затресе мрежата.Интер потоа пропушти неколку добри шанси за зголемување на водството, но по пет минути игра во вториот дел, Турам прецизно биеше по земја од врвот на шеснаесетникот за 0-2.Томори намали на 1-2 во 80. минута и натпреварот влезе во тензична завршница во која беа покажани три црвени картони.Најпрво Тео Ернандес и Дамфрис се фатија за гуша и беа исклучени, за подоцна Калабрија да го удри Фратези при еден корнер и предвреме да го заврши мечот.Мрежите сепак мируваа, па Интер можеше да почне со славјето.
Поврзани објави
Неверојатно глупав потег на Енцо: Како ќе се појави пред Французите во Челзи?
Една од главните теми по финалето на Копа Америка, беше Енцо Фернандез поради глупавите работи кои ги направи при прославата на…
17.07.24 08:26
Спалети пред мечот со Шпанија: Италија ќе игра елегантно како да носи костуми на Армани!
Селекторот на Италија, Лучијано Спалети пред вечерашниот меч (21 часот) против Шпанија во Гелзенкирхен, рече дека неговата екипа…
20.06.24 07:06
Ѓердан Шаќири е прв играч со голови на дури 6 големи турнири по ред
Швајцарија и Шкотска синоќа ја завршија програмата за среда со реми 1:1. Скот Мектоминеј ги доведе Шкотланѓаните во…
20.06.24 07:04