Илија Димовски за КЛАН ТВ:Преспанскиот договор е неправда за македонците

ВМРО ДПМНЕ ќе се труди за клучните прашања да воспостави принцип на национален и државен консензус.Ова во вечерашната КЛАН дебата го порача Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ кој укажа на негативните, според него -страни на Преспанскиот договор.

,,Преспанскиот договор е неправда за македонците. Сто стапа по туѓ грб не болат. Со овој договор се негира и се подвојува идентитетот на македонскиот народ.Тоа е исто како некој да тврди дека Гегите и Тоските се два различни народи. Флоскулите дека одиме во НАТО и ЕУ се убави. Кога ВМРО ДПМНЕ се залагаше за ЕУ и НАТО , СДСМ беше за ТИТО, а ДУИ за Сталин.Немојте да создавате впечаток дека некој е против ЕУ и НАТО.Сите имаме заеднички став, треба да бидеме дел од ЕУ и НАТО, работата е како ќе го постигнеме тоа.Наметнувањето на услови, уцени и императиви треба да престане. Одговорноста кај власта е што 60%-70% не го прифаќаат францускиот предлог”,рече Димовски.

 Тврди дека мнозинството пратеници македонци гласале против францускиот предлог во Собранието.

,, Тој помина со мајоризација од малцинството, а во него  немаше никакви точки и прашања кои се однесуваат на идентитетот, историското наследство, јазикот на албанците. 

Не можеме да градиме соработка и разбирање во иднина  ако тоа што го бараме за себе им го оневозможуваме на другите”,додаде Димовски.

На ова му реплицираше заменик на министерот за правда Викторија Аврамовска Мадиќ која побара од него да го образложи планот како ВМРО ДПМНЕ мисли да го ревидира Преспанскиот договор.

,, Сакам да слушнам како ќе го ревидирате Преспанскиот договор?Кој е вашиот план бидејќи нигде во програмата го нема? Да не ги политизираме процесите како Преспанскиот договор и францускиот предлог. Многу процеси се донесени со гласови на сите заедници.Сите сме свесни дека преговарачката рамка не може да се менува”,возврати Аврамовска Мадиќ.

Аналитичарот Сефер Селими оцени дека Преспанскиот договор бил добар и се покажало дека придобивките од него придонеле до тоа да  денеска ние седиме на иста маса со САД рамноправни.

,,Францускиот предлог се донесе со мнозинство гласови. Наметнувањето на темата дека албанците ги надгласувале македонците е тотално погрешна.Албанците секогаш биле разбирливи за македоците,”вели Селими.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share