Обвинетите Виктор Милановски доби казна затвор од 5 години и десет месеци, а Саша Челичиќ казна затвор од две години и три месеци. Ова е пресудата за грабнувањето на Самоил Костадиновски.
Според Обвинителство на 3-ти март првообвинетиот, заедно со лицето кое е во бегство и со други непознати го грабнале Самоил, со закана дека ќе го убијат доколку не плати за претходно украдената дрога до четири килограми. Костадиновски повеќе од година дена се води за исчезнат.