Израелски  напад врз хуманитарен центар во Рафа,еден убиен, 22 повредени 

Агенцијата на Обединетите Нации (ОН) за палестински бегалци соопшти дека еден член на персоналот бил убиен, а 22-ца се повредени откако израелските сили нападнале центар за дистрибуција на храна во Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа.

Шефот на УНРВА, Филип Лазарини рече дека нападите врз нејзините објекти „станале секојдневие со бесрамно непочитување на меѓународното хуманитарно право“.

Израелската војска соопшти дека мета на нападот бил Мохамед Абу Хасна, командант на Хамас, и се тврди дека бил „оперативец за борбена поддршка“ на военото крило на палестинската милитантна организација во областа.

Поврзани објави
Total
0
Share