Израелската армија потврди: Информациите од разузнавачките служби беа точни, заложниците се мртви

Околу 250 киднапирани лица од Хамас во Израел и одведени во Појасот Газа за време на нападот на 7 октомври, околу педесет беа ослободени во ноември како дел од договорот меѓу двете страни.Израелската армија ослободи неколку од нив, а некои ги најде мртви.Владата соопшти дека 120 лица се уште се во рацете на Хамас, од кои 43 биле прогласени за мртви врз основа на различни извори на информации, вклучувајќи разузнавачки информации, надзорни снимки и форензички анализи.Британските медиуми наведуваат дека дел од израелските официјални лица веруваат дека бројот на загинати е поголем.На почетокот на израелската офанзива Хамас се закани дека ќе ги убие заложниците како одмазда за израелските воздушни напади, а во меѓувреме милитантната група објави дека некои од нив биле убиени во израелските напади.Израел не исклучи дека тоа е можно во поединечни случаи, но и соопшти дека на телата на пронајдените заложници имало знаци на егзекуција.

Поврзани објави
Total
0
Share