“Изгубени во превод“ – изјавата на Шолц, судир меѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ!

Сдсм: шолц даде јасни гаранции, вмро –  погрешно е пренесена

Социјалдемократите велат дека посетата на премиерот Димитар Ковачевски на Германија резултирала со дополнителни придобивки за земјата и европската иднина, пренесува КланМ.

Според СДСМ, државата е пред период кога треба да има заедничка одговорност и дијалог за да се заокружи процесот на уставни измени.

“Добивме јасни и силни гаранции директно од канцеларот Шолц дека нема да има нови услови и пречки на европскиот пат. Сите политички субјекти, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ, мора да ги стават националните интереси на прво место за преку консензус да ја обезбедиме европската иднина“, иѕјави пратеникот Дарко Каевски од СДСМ.

Како држава, наспроти ветувањата, подобро е да се бидеме внимателни отколку повторно да се разочараме. На овој начин, како што пренесува КланМ, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, ја коментира изјавата на германскиот канцелар Олаф Шолц. Тој преку објава на Фејсбук направи споредба, како што вели, со ветувањата на Меркел во 2018 и 2020 година и последните ветувања на канцеларот Шолц.

“За да се оцени веродостојноста на изјавата на германскиот канцелар Шолц дека „нема да има нови услови од Бугарија“ освен наметнатото барање за промена на Уставот, корисно е да се потсетиме на изјавите на поранешната канцеларка Меркел од 2018 и 2020 година, кога исто така од Владата во Берлин беа дадени сериозни ветувања за интеграција во ЕУ, од кои ниту едно не е реализирано до денес и покрај болните измени на Уставот“, изјави Антонио Милошоски.

Изјавата на германскиот канцелар Олаф Шолц дека нема да има нови услови на патот на Скопје кон ЕУ е се толкува со различни ставови на политичката сцена во земјава, соопштува КланМ.

Социјалдемократите и медиумите блиски до оваа политичка партија тврдат дека Шолц дал јасни гаранции, а опозицијата тврди дека изјавата на Шолц била пренесена и преведена погрешно.

На Твитер, како што пренесува КланМ, канцеларот Шолц, без да наведе гаранции и услови, му се заблагодари на премиерот Ковачевски за посетата, пишувајќи дека Северна Македонија започнува со реформи.

“Ние сме сериозни за европската перспектива на земјите од Западен Балкан. РСМ започнува важни реформи за пристапниот процес. Ова го гледаме многу јасно. Ви благодариме за посетата Ковачевски“ – напиша Шолц на Твитер./КланМакедонија

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share