Изгласана потребата за реорганизација на министерстватa

74 пратеници напладне ја изгласаа потребата од законски измени, за реорганизација на министерствата и целата државна управа.За едните ова е во име на реформите, додека опозицијата критикува и бара одговори – зошто се брза со донесување на измените на Законот за организација и работа на државната управа по скратена постапка.

Мандатарот Христијан Мицкоски доби поддршка за предлогот, иако материјалот доцна синоќа бил повлечен од процедура, а потоа вратен со одредени измени.

Измените на законот ќе бидат и тест за двотретинското мнозинство, со оглед на тоа што без тоа – нема реорганизација на министерствата.Во меѓувреме, Собранието денес ги верификува мандатите на последните двајца пратеници кои недостасуваа по прегласувањето на парламентарните избори.Азизи и Салиу Фетаи се приклучија и формално на пратеничката група на Вреди.

Поврзани објави
Total
0
Share