Идниот мандатар мора најпрво да разговара со нас, вели Гаши

Идниот мандатар мора најпрво да разговора со нас, за државата е најдобро во новата влада да има и претставник на Албанците, а ќе направиме се да се убедиме заедно со идниот партнер да влеземе во процес на уставни измени, вели во интервју за МИА Африм Гаши, претседател на политичката партија Алтернатива и носител на кандидатската листа на коалицијата „Вреди“ во Втората изборна единица за претстојните парламентарни избори.Во коментар на резултатите од првиот изборен круг од претседателските избори според кои нивниот кандидат Арбен Таравари освои 83.393 или 9,20 отсто, а во Гостивар 75 гласови повеќе од Бујар Османи од Европскиот фронт на владејачката ДУИ, кој, пак, освои 121.088 гласови или 13,37 отсто, вели дека Албанците долго време немаат култура за поголемо излегување на претседателски избори.

-Нашата доверба помеѓу сите коалициски партнери е многу голема, господинот Таравари немаше никаква средба ниту со него, ниту со некој друг од ДУИ, немаше никаква понуда, така што тоа е тотално лажно. Навистина е срамно како еден многу сериозен медиум од Албанија и една таква политичка партија која сака да го добие уште еднаш гласот на Албанците на таков начин манипулира со граѓаните. Тотална лага е тоа што беше изнесено во јавноста, посочува Гаши, во врска со објавата на албанската „Топ Ченел“, во која беше наведено дека вечерта на 24 април Таравари тајно се сретнал и добил понуда од Ахмети.Според него, главните столбови од изборната програма на „Вреди“ се базираат на најголемите потреби на граѓаните. За првиот приоритет – европската интеграција подвлекува дека ќе направат се „да се убедиме заедно со идниот партнер да влеземе во процес на уставни измени“.-Нашиот прв приоритет секако ќе биде европската интеграција, ќе направиме се да се убедиме заедно со идниот наш партнер да влеземе во процес на уставни измени. Ќе разговараме со меѓународниот фактор, ќе направиме се да влеземе во процес во кој ќе ги отпочнеме и практично поглавјата за да ги затвориме што побргу и Македонија да стане член на ЕУ. Тоа е наш прв приоритет, посочува Гаши.Како што појаснува, станува збор за многу сложен процес, во кој се согласува да се настапи заедно за одбраната на јазичниот и културниот идентитет на Македонците и за притисок врз Бугарија.–Тоа е многу сложен процес. Во вакви сложени процеси каде имате соседна држава, ЕУ со сите држави, Содинетите Американски Држави треба да имате пред се подготвеност за главните приоритети што сакате да ги одбраните. Треба да ги знаете целите на државата. Сакаме да бидеме дел од Европа. Тоа е првиот критериум. Вториот критериум, ако е одбраната на јазилчниот и културниот идентитет на Македонците, тука сме сложни дека во овој дел можеме заедно да настапиме. Од друга страна, ќе видиме што можеме заедно да направиме како притисок врз Бугарија, да ги убедиме меѓународните фактори, да разговараме со нив. Очекуваме нова политичка клима и во Бугарија. Политиката е тежок процес, треба преговарање, треба компромиси и ако имате волја и ако сакате тој процес да го терате ќе треба на тој начин да вложите се што имате како политички капитал. Мислам дека сите заедно во државата, најголемиот број политичките партии, се сложни околу нашата стратешка ориентација дека сакаме да бидеме дел од ЕУ и ќе треба во тој процес да одиме заедно, вели Гаши.

Поврзани објави
Total
0
Share