ЗОО Скопје: Сортните коњи се отруени со брзоделувачки отров, покажа обдукцијата

Според обдукциските наоди ретките видови коњи во Зоолошка градина во Скопје се отруени. Управата на Зоолошката градина во Скопје објави официјално известување од наодот.

-Официјалните резултати од обдукциските наоди покажуваат дека сортните коњи во ЗОО Скопје се отруени со брзоделувачки отров. Резултатите од обдукцијата се доставени во МВР и во Агенцијата за храна и ветеринарство за понатамошно постапување. ЗОО Скопје поднесе и официјална кривична пријава, а по сторителот активно се трага и се проверуваат сите снимки од безбедносните камери. Ваквиот срамен и кукавички чин силно го осудуваме и апелираме до МВР и Обвинителството да постапат што е можно побрзо со цел санкционирање на сторителот, информираат од Зоолошка.

Коњите кои угинаа во скопската Зоолошка градина се од видот Пржевалскиев коњ, што важи за многу ретка и скапа раса која што потекнува од Монголија.

Коњите во скопската Зоолошка градина биле донесени од Национален парк од Австрија, а до неодамна важеле за изумрен вид во дивината и нивната вредност е голема.

Смртта на животните во полицијата ја пријавил вработен во ЗОО Скопје, кој се сомневал дека биле отруени.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share