Зомер во детали ги проучува Леао и Пулишиќ пред големото дерби

По три одиграни кола Интер и Милан имаат перфектен скор од три победи. Утре само еден од нив ќе може да остане со максимален учинок, или ниту еден доколку натпреварот заврши нерешено.

Новиот голман на Интер, Јан Зомер вели дека во детали ги проучува напаѓачите на Милан.

„Има одлична атмосфера на стадионот, многу е гласна, забавно е. Сите кои играле тука рекле дека е неверојатна. Не можам да го дочам овој натпревар. Мојот сонародник Рикардо Родригез кој играше за Милан, секогаш ми зборуваше за овој меч“, вели Зомер.

„Доаѓа многу рано во сезоната и се може да се случи. Има и други ривали за титулата и тешко е сега да се прават прогнози“.

„Сите нивни напаѓачи, од Леао до Пулишиќ, се опасни и силни. Ги студирам во детали, се обидувам да ги предвидам сите можни ситуации на теренот вклучително и пенали“.

Поврзани објави
Total
0
Share