ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Врвен државен приоритет е да се избере претседател, луѓето да излезат масовно и да гласаат по сопствено убедување.Ова е ставот на Движењето ЗНАМ, два дена откако најголемата опозициска партија го прозва лидерот Максим Димитриевски да ги повика гласачите да дадат глас за Гордана Сиљановска – Давкова, во вториот круг од претседателските избори.Димитриевски претходно испорача услови и до СДСМ и до ВМРО-ДПМНЕ, за идните коалиции при составувањето на Владата по двојните избори, а од ЗНАМ сега тврдат дека се мета на напади од страна на двете најголеми партии.Ова следува како одговор на ставот на ВМРО-ДПМНЕ, од каде велат дека не сакаат да веруваат дека постои „Тројански коњ“ и продолжена рака на власта во опозицијата.

Поврзани објави
Total
0
Share