ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ почнаа со преговори за новата Влада

ЗНАМ соопшти дека вечерва во нивните простории се одржала средба на претставниците на двете партии. Од ЗНАМ присуствувале генералниот секретар Горан Минчев и потпретседателите Весна Бендевска и Павле Арсовски, а од ВМРО-ДПМНЕ нивните потпретседатели Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски.

На средбата се разговарало за политичката платформа за соработка.

„ЗНАМ својата платформа ја темели на идеолошките столбови, а тоа се Македонија современа, демократска, европска држава, втемелена на илинденските и асномските вредности, интеграција на земјата во Европската унија на достоинствен начин; потоа Република Македонија држава во која има правда за сите и нулта толеранција за корупција; Македонија како самоодржлива држава која ќе произведува доволно храна и енергија за своите потреби, забрзани и ефикасни реформи во економијата и социјалните политики во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните, како и стабилни меѓуетнички односи“.

Претставниците на ЗНАМ инсистирале овие определби, како и програмата на партијата за изборите, да бидат дел од идната владина програма.

Поврзани објави
Total
0
Share