ЗБОРУВА ПОРАНЕШНИОТ ДИРЕКТОР НА ОНКОЛОГИЈА: НЕ СУМ РАСПРЕДЕЛУВАЛ ЛЕКОВИ, ОБВИНУВАЊАТА СЕ НЕОСНОВАНИ

“МАЈКА МИ НЕ БЕШЕ БОЛНА ОД РАК, НО ЛЕЖЕШЕ НА КЛИНИКАТА ЗА ОНКОЛОГИЈА ЗА ВРЕМЕ КОВИД – ПАНДЕМИЈАТА“

-Информациите што доаѓаат од Онкологија во последните два дена се страшни, и тоа најблаго кажано страшни, поради самиот факт дека се зборува за несоодветна терапија што примиле пациенти болни од рак и други тешки болести. Оваа терапија не само што не им помогнала, туку им ја влошила состојбата уште повеќе. Во последните два дена името за кое најмногу се зборува во социјаните мрежи, но и во медиумите е името на екс заменик директорот Нехат Нухиу, кого денеска го имаме тука кај нас во Клан. Дојде да зборуваме за сите обвиненија кои се појавија во социјалните мрежи и немаше можност да одговара. Господине Нухиу добро дојдовте, благодарам што имате храброст, може да кажам храбрсот за да дојдете да зборувате, бидејќи обвиненијата се навистина тешки.

Благодарам, добро ве најдов. Ви благодарам за поканата. Последните денови, особено во петок, тоа што се случи со рацијата на Клиниката за Онкологија, навистина беше страшен случај за целата јавност, особено за мене што бев организациски директор на Клиниката за Онкологија, од месец ноември 2020 година до месец април оваа година. Гледам дека во многу портали, да не велам и медиуми, го дискутираа моето име, го впераат прстот кон мене, дека јас сум тој криминалот, или не знам што. Јас можам да кажам пред целата јавност дека навистина се чувствувам многу невиновен и многу ми е жал за сите овие клевети и обвинувања со кои се товариме.

-Дали се спиеле помалку во последните два дена господине Нухиу?

Од аспект на моите чувства дека се чувствувам невиновен, јас сум многу мирен, но многу ми е жал за сите пациенти, за нивните семејства, кои патат од таа болест, кои имаат членови на семејството кои патат од таа тешка болест, да се соочуваат и со овој случај.

-Обвиненијата се многу тешки. Едно од обвиненијата што ми остави повеќе впечаток е дека вие сте имале список на членови од вашето семејство кои биле болни од рак, сте ги зеле лековите и после завршиле во Косово. Како ќе одговорите на ова обвинение?

Нема врска со список. Ако има такви списоци има надлежни институции, слободно нека ги достават, сите тие што ме познаваат, кога сум ја вршел функцијата директор знаат многу добро каков карактер имам и како сум ја вршел функцијата.

-Има еден детал, дали е вистина е дека вие сте ја лечеле вашата мајка во Онкологија?

Да, беше период на Ковид и навистина кога се зборува за вашата мајка човек гледа што побрзо да најде решение како да се третира. Со дозвола на медицинскиот дирекор, ни овозможи да се лекува, но не да се лекува со дијагноза на рак. Беше период на Ковид, и другите Клиники функционираа како Ковид центри, и затоа се лекуваше во нашата Клиника, но тоа нема врска, ако некој ги злоупотребил таквите пациенти.

-Дали постои можност за вашата мајка, иако не била болна од рак, да се даде терапија за оваа тешка болест, а всушност не ја има примено таа терапија. Дали постои оваа можност?

Не сум одговорен да зборувам за ова, тоа може да го докажат докторите и тие што се одговорни за тоа и за сите други пациенти кои биле регистрирани.

-Како се одвивала набавката за овие лекови кои се многу скапи, кој ја врши набавката, кој ги потврдува, како се одвивала процедурата, за да биде јасно за јавноста, бидејќки сме слушнале само обвиненија и ниедно објаснување.

Набавката се врши од аптеката која се наоѓа на Клиниката, потоа раководителите на одделенијата ги ангажираат медицинските сестри за конкретната терапија и тоа е тој синџир.

-Која е вашата улога како организациски директор во овој аспект?

Организацискиот дел, административниот дел, правниот дел, внатрешната регулација од нормативен, законски и административен аспект. Во врска со лековите, јас ниту сум лекувал пациенти, ниту сум ги распоредил лековите, ниту сум имал пристап во ниеден момент и не била моја должност во распоредувањето на лековите.

-Како и да е, до сега дали ве повикале истражните институции за да дадете изјава, да одите во полиција или во обвинителство?

Не, досега не, затоа што надлежните институции знаат многу добро, јас сум имал случаи, имаше три случаи кога бев во сознание, пациенти кои пријавиле во мое присуство и МВР и Одделението за Организиран Криминал знае многу добро дека имало случаи и случајот се следел.

-Факт е дека се набавила голема количина на овие лекови кои се многу скапи. Врската со Косово, индиректно значи дека вие сте ја создале. Како гледате на ова?

Тотално неосновано. Во врска со мене, немам ниту една информација и нема никаква врска со мене.

-Има уште еден друг многу интересен случај. Во 2020 година се слуша гласот на медицинската сестра која краде терапија. Дали вие бевте свесни за ова?

Не, не сум знаел. Ова се случило пред јас да бидам назначен за директор и истата се вратила на работа во времето кога јас не вев директор на Клиниката. Истата, оваа година, кон крајот на февруари, се пријави и додека јас бев организациски директор таа беше отпуштена.

-Значи немате никаква врска со случајот. Дали кето системот беше купен многу скапо само за одржи евиденција на овие лекови кои се многу скапи, за да не се злоупотребуваат? Не ве повикавме за да ви судиме, затоа и интервјуту оди така како што оди, ќе чекаме последниот збор да го кажат институциите, но вие со потполна морална одговорност дали може ???

Има истражни институции, ако има такви нешто, и јас посакувам овој случај да се реши што побрзо.

-Дали сте зборувале со вашата мајка за овој муабет што излезе во јавност?

Не, затоа што мојата мајка е во тешка состојба, тие што ме познаваат, семејството, друштвото и сите тие што имаат работено со мене, и сите пациенти на кои сум служел, знаат многу добро каков човек сум. Јас сум имал коректни односи и во професионален аспект, за сите овие обвиненија со кои се товарам во последно време навистина е страшно и изненадувачко за мене.

-Ви благодарам многу.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share