Два хеликоптери на кралската малезиска морнарица се судриле за време на воена проба за прослава на 90-годишнината на морнарицата, а десет лица загинале во инцидентот.
На видеата кои ја снимаат воената прона на морнарицата се гледа како еден од хеликоптерите му го откинал роторот на другиот, а потоа и двата хеликоптери се урнале на земјата. Инцидентот се случил во малезискиот град Лумут, каде се наоѓа базата на морнарицата.
„Потврдена е смрт на сите жртви, а нивните останки се испратени во воена болница за идентификација“,стои во соопштението на Кралската малезиска морнарица.