Зајкова отфрли заминување со ВМРО -ДПМНЕ, вели ЛДП ќе делува независно во Собранието

Либерално-демократската партија (ЛДП) ги отфрли информациите дека партијата размислува да премине кон мнозинството во парламентот. Претседателката на ЛДП Моника Зајкова, пред почетокот на седницата на Централниот одбор на партија, рече дека засега ќе делуваат независно, но ќе дадат поддршка на оние гласови кои се за доброто на државата.„Денеска ќе носиме одлука за тоа каде членовите ја гледаат партијата во иднина. Ова е либерална и демократска партија во која не одлучува само раководството, туку се слуша и гласот на членството, односно како тие сметаат дека ЛДП треба дејствува. Дотогаш ЛДП ќе дејствува независно и ќе дава поддршка на се она што значи реформаторски и добри закони кои овозможуваат напредок на општеството. Но, ќе бидеме и критичар на она што значи недобра политика за државата или за граѓаните“, изјави Зајкова.

Поврзани објави
Total
0
Share