Захарова го впери прстот кон Вашингтон за нападот во Москва

„Во последниве години, ИСИС ги приспособи своите планови и сега врши напади главно против непријателите и противниците на САД – талибанците во Авганистан, Иранците, легитимните власти на Сирија и против нас“, напиша таа во колумна за Комсомолскаја правда, нарекувајќи го тоа „чудна случајност на околностите“, пренесе РИА.

Рускиот истражен комитет соопшти дека бројот на жртвите од терористичкиот напад во концертната сала „Крокус сити хол“ во петокот во Москва е зголемен на 137, а меѓу нив има и три деца.

Во нападот се повредени повеќе од 180 лица, од кои 142 се хоспитализирани.

Поврзани објави
Total
0
Share