Захариевски за КЛАН ТВ: На ЗНАМ му се  приклучуваат незадоволни приврзаници од СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, НСДП и ЛЕВИЦА

Небојша Захариевски од Движењето Знам вели дека идејата на партијата е Македонија побрзо да влезе во ЕУ, а проблемите да се  решаваат на вистински патриотски и државотворен начин.

,, Нашиот пат е  ЕУ,да почнеме  да водиме афирмативна политика.Ние не ги гледаме граѓаните како бројка. Нас ни е потребно граѓаните да го поддржат Максим Димитриевски во првиот изборен круг и тој  да влезе во вториот круг на претседателските избори. Ние не гледаме некого да замениме на политичката сцена, ние сме партија на центарот.Во нашата партија доаѓаат голем број интелектуалци , независни кандидати, ни пристапуваат и од СДСМ и од ВМРО ДПМНЕ, НСДП, па дури и незадоволни од Левица”,рече Захариевски во емисијата КЛАН Директ.

Поврзани објави
Total
0
Share