Започна полагањето на државната матура

Сите средни училишта во државата се подготвени за спроведување на државната матура, која започна денеска со полагање на тестот по мајчин јазик, соопштиja од Министерството за образование и наука.

Учениците годинава ќе полагаат во поголеми простори односно во холовите и спортските сали во состав на училиштата каде го завршуваат средното образование или, пак, во најблиското училиште каде има соодветни услови согласно новиот правилник на Државниот испитен центар.

Потсетуваме дека согласно Концепцијата за матура и завршен испит, учениците полагаат два екстерни предмета, два интерни предмета и подготвуваат проектна задача. Задолжителен за сите е мајчиниот јазик и тој се полага денеска. Следниот испит ќе биде на 8 јуни, а прелиминарни резултати ќе има најдоцна на 8 јули, по што ќе следува можноста за поднесување приговори.

Државната матура се спроведува од 2008 година како законска обврска и услов за упис на факултет.

Поврзани објави
Total
0
Share