Во Основниот суд во Прилеп денеска почна подготвителна постапка за случајот со убиството на 14-годишното момче, што се случи пред една недела во центарот на Прилеп.
Како што информираат од судот, во тек е постапка по поднесено барање на Основното јавно обвнинителство за спроведување подготвителна постапка спрема детето Х.М., за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело убиство.
„Постапката е тајна. Судијата за деца презема истражни дејствија по предлог на Основното јавно обвнинителство, и тоа, сослушување сведоци, сослушување на оштетените, на детето кое го извршило убиството, вештачење“, информираат од прилепскиот суд.
Пред судијата за деца исказ денеска дадоа таткото на убиеното момче и сведок во случајот, а утре исказ треба да даде малолетникот кој го изврши убиството. Обвинителството побара психијатриско вештачење на 15-годишникот кој го изврши убиството.
Според неговиот бранител, не станува збор за убиство со умисла, туку за чин во состојба на афект или силна разразнетост.
„Обвинителството има поднесено предлог да се изврши психијатриско вештачење за пресметливоста на малолетникот, но и во поглед на неговата психичка состојба. Утре ќе биде сослушан, но не знам каква ќе биде неговата изјава пред судијата за деца“, изјави Кирил Топчиоски, адвокат на малолетникот кој го изврши убиството.
Според Топчиоски, нема мотив, ниту умисла за убиството.
„Според сегашните докази, делото е извршено во состојба на афект или силна раздразнетост. Но нема мотив“, вели Топчиоски.
Адвокатот објаснува дека малолетникот во притвор може да остане до 90 дена, а за тоа време треба да заврши судската постапка. Според законот, не може да добие затворска казна како кај полнолетните лица, туку казната е со алтернативни мерки или во институции, најмногу до пет години.
Откако ќе се собере доказниот материјал се враќа во Обвинителството каде се подготвува обвинителниот акт.
Трагичниот настан се случи на 29 февруари, околу 19 часот. Во влезот на прилепската зграда позната „деветтокатница“ момчето било физички нападнато и избодено. Успеало да побегне на булеварот, но паднало без знаци на живот.
Поврзани објави
Мицкоски:Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат Уставот и законите, а ние да калкулираме
Мицкоски објасни како ќе го почитува Уставот. „Како што можете да ме слушнете јас цело време зборувам Македонија…
19.06.24 17:24
Мицкоски од Тетово: Една од првите мерки во првите 100 дена од новата влада ќе биде намалувањето на даноците на профит
Задоволството е големо што имам можност да присуствувам на стартот на една нова и надоградена приказна изразена во…
19.06.24 15:04
Пожар над село Марвинци во Валандовско – се заканува да се прошири накај селото
РЦУК Струмица известува дека има пожар над село Марвинци Општина Валандово, близу археолошки локалитет Исар. Гори сува трева…
19.06.24 14:57