Заклетва на Гордана Силјановска Давкова без да го спомне уставното име

Новиот претседател на Република Северна Македонија Гордана Силјановска Давкова ја даде свечената заклетва со што стана 6-ти по ред шеф на државата од независноста.Силјановска при давањето на заклетвата наместо уставното име „Република Северна Македонија“ туку употребуваше Македонија.Во говорот наведе дека ниту таа верувала дека ќе стане шеф на државата, како што во нејзина победа верувал претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Таа во својот говор укажа на големото значење на жените во политиката и дека за сите ќе се грижи за сите еднакво.-Ќе бидам претседателка и на левата и на десната страна. Ќе бидам претседателка на сите граѓани нема да правам разлика ниту по етничка ниту по верска ниту по полова ниту по било каква разлика, рече новата претседателка Силјановска Давкова.-Време е за единство и за тоа ќе им се обратам на жените. Бидејќи ние покажуваме дека не се грижиме само за себе туку и за сите околу нас, посочи Силјановска во обраќањето кое беше посветено на улогата на жените во политиката и која треба да биде многу поголема.

Гордана Силјановска Давкова е прва жена претседател на Република Северна Македонија.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share