Закани кон претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска, пред нејзината гаража пронашла нож

Претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска пријавила во полиција дека добила закани по својот живот откако пред нејзината гаража пронашла импровизиран кревет и нож.

Од МВР потврдуваат дека известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– На 14.05.2024 во СВР Скопје од страна на Д.К. било пријавено дека на подрачјето на Центар во подземни гаражи, во нејзино гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож кој бил забоден на прекинувачот за светло, информираат од МВР.

Поврзани објави
Total
0
Share