ЗАГАДУВАЊЕТО ОД ДЕПОНИЈАТА „ДРИСЛА“ УНИШТИ НАД 700 ПЧЕЛАРНИЦИ ВО СКОПСКО БАТИНЦИ?!

ЖИТЕЛИТЕ БАРААТ ОДГОВОРНОСТ, НАЈАВУВААТ ПРОТЕСТИ ПРЕД ДЕПОНИЈАТА

Сите пчели му умреа, а од шеесетте кошници не му остана ниту една лажица мед.

“Ова е од мртвите пчели. Тука имав пчели земени од шумата, но нема повеќе, умреа.“

Чадот од согорувањето на медицинскиот отпад од депонијата “Дрисла“ ја уништи целата инвестиција што ја направи, вели Сених Меховиќ од скопското село Батинци.

Види ова е… Се разочарав што не го добив медот… Ова е празно. Зошто е празно, што се случи? Се сомневаме дека кога го палат медицинскиот отпад пчелите умираат од тој чад. Овие се многу блиску до депонијата, на 1 километар од тука. Целиот чад доаѓа овде“.

Лошата судбинана Сених ја имаат и уште 30 други пчелари од село Батинци. Уништени се околу 700 кошници.

Ова е кај мојот колегаод 70 до 75 се сомневаме дека умреле, околу 700 кошници. Печката што е за медицински отпад нема филтер. Ова место е оддалечено 500 метри од депонијата и се сомневаме дека пчелите загинале од загадениот воздух што доаѓа овде.

За загадувањето на животната средина сведочат и улиците на селото, кои според жителите не се измиени.

Возачите на комбињата го пуштаат вентилот на камионот и водата од отпадот тече низ коловозот.“

“Отидовме во депонијата Дрисла, која е оддалечена неколку метри од станбените куќи и контактиравме со директорот Александар Кузинов, но тој не сакаше да зборува. Додека жителите предупредуваат на протест доколку дирекцијата на депонијата „Дрисла“ не превземе конкретни мерки.“

Доколку не се договориме со директорот за палење медицински отпад, покривање на депонијата и миење на улиците, ќе бидеме принудени да го собереме населението од селата Батинци, Студеничани, Драчево, Лисиче, Аеродром и невладини организации за протест со цела да престане ова зло“.

Инаку, Сених Меховиќ е познат пчелар во земјава но и на Балканот. Има добиено десетици медали и признанија за најдобар мед. Љубовта кон пчелите не може да згасне и поради тоа поставил кошници во Свети Николе и Штип.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share