Заврши заложничката драма во Холандија

Заложничката драма во градот Еде, во близина на Утрехт, во Холандија, е завршена, изјави портпарол на градоначалникот на Еде, а пренесе агенцијата АНП.

„Ослободен е и последниот заложник. Едно лице е уапсено“, соопшти полицијата, додавајќи дека во моментов не може да се споделат други информации.

Новинарите на лице место јавуваат дека од барот каде што се одвиваше заложничката драма излегол маж со кренати раце, кој се предал и бил ставен во полициско возило.

Претходно, полицијата, која ја имаше евакуирано областа околу местото каде што беа држени заложниците, соопшти дека нема индиции за терористички мотив.Луѓето во барот биле држени како заложници од страна на маж со оружје и експлозив, напиша весникот „Телеграф““, цитирајќи неколку анонимни извори.

Поврзани објави
Total
0
Share