Жестоки борби во северниот дел на Газа

Израелските војници се вклучени во жестоки борби со вооружени Палестинци во северниот дел на Појасот Газа, објавија денеска израелските медиуми, јави ДПА.Портпаролот на израелската армија, Даниел Хагари претходната вечер изјави дека воени авиони нападнале цели во Џабалија откако цивилното население таму било евакуирано.Тајмс оф Израел денеска напиша дека армијата повикала да се евакуираат околу 100 до 150 илјади Палестинци во областа Џабалија.Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА) изрази „екстремна загриженост“ за повиците за евакуација и за Џабалија и за Рафа на југот.Според извештаите на медиумите, израелските војници се уште се распоредени на други локации во северниот дел на Појасот Газа.

Поврзани објави
Total
0
Share