ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

По подготвените честитки за успешна соработка, од европската престолнина Брисел многу брзо со нови реакции и пораки реагираа на потегот на Силјановска која при давањето на свечената изјава, не го кажа законски предвидениот текст со уставното име.Европската унија (ЕУ) изразува жалење поради фактот што новата претседателка на Северна Македонија, претседателката Сиљановска-Давкова, не го употреби уставното име на државата на денешната церемонија кога даде заклетва, соопштија од прес службата на Унијата.-ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на постоечките, правно обврзувачки договори, вклучувајќи го и Договорот од Преспа со Грција, се нотира во писмената изјава на портпаролот на ЕУ Петер Стано.

Овој став на Унијата преку своите официјални профили го пренесуваат и амбасадорите на земјите членки на ЕУ, кои се во дипломатските претставништва во Скопје.При церемонијата, грчката амбасадорка Филипиду ја напушти собраниската галерија каде беа сместени претставниците на дипломатскиот кор.

Поврзани објави
Total
0
Share