Ескобар на утринска средба со Ковачевски, нешто пред пладне и со Мицкоски

Заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар, денеска на вториот ден од посетата на Скопје прво ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски, а нешто пред пладне и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

По средбата Ковачевски и Ескобар ќе одржат заедничка прес-конференција во Владата.

Сребата Ескобар – Мицкоски е планирана за 11.45 часот, но засега нема информација дали ќе има изјави.

Ескобар е во дводневна посета на државава, а следува по започнувањето на собраниската процедура за усвојување на уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот како услов земјава да ја одржи втората меѓувладина седница и да ги продолжи преговорите со Европската Унија. Првата средба на Ескобар беше вчера со претседателот Стево Пендаровски, и на неа, како што информираше претседателскиот Кабинет, е изразено очекувањето на официјален Вашингтон дека Северна Македонија ќе го продолжи патот кон полноправно членство во Европската Унија.

– На средбата беше потврдена и поддршката на САД за европските аспирации на нашата земја и се разговараше за следните чекори кои треба да ги преземе Северна Македонија со цел да напредува во ЕУ интегративниот процес, како и за состојбите во поширокиот регион, во контекст на руската агресија врз Украина, соопшти Кабинетот на Претседателот.

Во пресрет на посетата на Ескобар премиерот Ковачевски вчера најави дека со американскиот функционер ќе разговараат за национални, билатерални и регионални прашања од интерес на Северна Македонија. Порача дека уставните измени се исклучително важна одлука за иднината на државата, која што е пред пратениците и која не задира во ниту едно идентитетско прашање на македонскиот народ.

Премиерот, министерот за надворешни работи Бујар Османи и вицепремиерот Бојан Маричиќ синоќа беа на работна вечера со амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер и заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Фотографиите ги објави министерот Османи, со куса изјава: „Работна вечера со Габриел Ескобар“ .

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share