ЕРДОГАН ПОРАЗЕН НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ВО ИСТАНБУЛ, АНКАРА И ДРУГИ ГОЛЕМИ ТУРСКИ ГРАДОВИ

Опозициската партија оствари големи победи во Истанбул и Анкара на локалните избори во Турција, нанесувајќи му значителен удар на Реџеп Таип Ердоган помалку од една година откако тој го освои третиот претседателски мандат.

Ердоган водеше силна кампања во Истанбул, каде што порасна и беше градоначалник. Но, Екрем Имамоглу ѝ донесе уште една победа на Републиканската народна партија (ЦХП), по онаа во 2019. Имамоглу освои повеќе од 50% гласови, поразувајќи го кандидатот на партијата АК на Ердоган, Мурат Курум.

Во главниот град Анкара, опозицискиот градоначалник Мансур Јаваш доби 59% гласови и рано прогласи победа. ЦХП исто така е пред победа во Измир, Бурса, Адана и Анталија.

Обраќајќи се пред своите приврзаници во Анкара, Ердоган призна дека овие избори не поминале како што очекувал, но додаде дека тие не значат крај, туку пресвртна точка.

„Отсекогаш сум ја почитувал волјата на народот и така ќе биде и сега“, изјави Ердоган, кој претходно објави дека ова ќе му бидат последни избори.

Според уставот, Ердоган ќе нема право да се кандидира нз следните претседателски избори во 2028, на кои и Имамоглу и Јаваш би можеле да учествуваат.

Поврзани објави
Total
0
Share