Делумното пребројување на гласовите на локалните избори во Турција вечерва покажа дека опозицијата во Истанбул и Анкара има поволни перспективи, објавија официјалните медиуми, и покрај тоа што претседателот Реџеп Таип Ердоган е вклучен во кампањата на неговата партија АКП.Од 33 отсто преброените гласови, градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, доби 49,7 отсто од гласовите, додека неговиот главен противник од владејачката партија АКП доби 41,5 отсто. А во Анкара, опозицискиот градоначалник Мансур Јавас доби 56,3 отсто од гласовите, а неговиот противкандидат 36,3 отсто, откако беа преброени 12,4 отсто од гласовите.Ердоган, е на власт повеќе од две децении, беше ангажиран во кампањата, особено во Истанбул, економскиот и културниот центар на земјата, чиј градоначалник беше во 1990-тите. Но, според првите резултати тоа не и помогна на неговата партија.Во останатиот дел од земјата, кандидатите на АКП водат во трката како што се очекуваше во неколку големи градови во Анадолија и Црното Море, кои се упоришта на претседателот Ердоган. Прокурдската партија ДЕМ најверојатно ќе победи во поголемите градови во југоисточниот дел со мнозинско курдско население, вклучувајќи го и Дијарбекир.
Поврзани објави
Двајца загинати и неколкумина повредени во експлозија на бомба во Цетиње
Две лица загинаа, а неколкумина се повредени утрово во Цетиње, откако недалеку од тамошниот Спортски центар била активирана…
20.06.24 09:24
Грчки медиуми: Мицкоски ќе положи заклетва со уставното име
Изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за состав на новата влада Христијан Мицкоски поврзани со името, поднесениот…
19.06.24 13:13
Грција предлага ЕУ привремено да ги прифати децата погодени од војната во Газа
Европа има должност да прифаќа деца повредени и трауматизирани од војната во Газа се додека трае конфликтот, изјави…
19.06.24 09:35