Експлозии на бензинска пумпа за течен нафта кај Букурешт: Едно лице загина, десетици повредени

Едно лице загина, а 46 се повредени вечерва во две експлозии на пумпа со течен нафтен гас ТНГ во Креведија, во близина на Букурешт. Четири лица се здобија со тешки изгореници, а 3.000 жители во радиус од 700 метри се евакуирани. Повредени се 26 пожарникари.

Портпаролот на романската влада Михал Константин изјави дека во моментов се преземаат чекори за транспорт на повредените во експлозијата

– Треба да ја процениме областа, областа е се уште опасна и затоа се евакуиравме на далечина, бидејќи постои опасност од нова експлозија на друга цистерна што е во далечина. Полицијата му помогнаа на населението да се засолни, соопшти портпаролот ан романската влада.

По првата експлозија, пожарот се проширил на две цистерни и блиска куќа, што го блокирала патниот сообраќај, соопшти Агенцијата за вонредни ситуации (ИГСУ).

Втора експлозија се случи на бензинска пумпа во која беа повредени 26 пожарникари, изјави заменик-министерот за внатрешни работи Раед Арафат

Романскиот претседател Клаус Јоханис повика на истрага за експлозиите на станицата за ТНГ во Креведија.

– Штом се стабилизира состојбата во ризичната зона, мора брзо да се покрене истрага за да се утврди дали се прекршени законот и правилата. Барам од властите да преземат итни мерки за повредените за да не се повторат трагедиите од минатото – порача шефот на државата во објава на Фејсбук.

Поврзани објави
Total
0
Share