Едно лице загина, а повеќе се повредени во несреќа на жичница во Анталија

Едно лице загина, а 10 се повредени кога кабина удрила во потпорен столб што држи жичарница во близина на турското летувалиште Анталија, соопштија турските власти.

Еден од столбовите на жичарницата Тунектепе вчера од засега непознати причини се урна, а осум лица во кабината, која што се распадна по ударот во столбот, паднаа на карпеста површина.Во несреќата едно лице загина, а седум лица, меѓу кои две деца, се повредени при падот на кабината, додека уште три лица се повредени при евакуацијата, јавува турскиот телевизиски канал НТВ.Турските власти испратија хеликоптери опремени за ноќно набљудување во операцијата за спасување на 184 лица кои беа заглавени во 24 кабини на жичара, соопшти синоќа градоначалникот на Анталија Мухитин Бочек.Anadolu Agency јавува дека утрово е соопштено дека се евакуирани 59 лица заробени во 10 кабини на жичарница и дека спасувањето продолжува.

Поврзани објави
Total
0
Share