Едно лице загина, а повеќе од 30 се повредени во сообраќајка меѓу возило и автобус во близина на Белград

Тешка сообраќајна несреќа, во која дошло до директен судир на автобус и автомобил, се случила утринава кај Младеновац, а повредени се 37 лица.

Во Ургентниот центар пристигнале 37 повредени, од кои четворица со тешки телесни повреди.

Според српски „Блиц“, повредените се уште пристигнуваат во Ургентниот центар во Белград.

Како што пренесува овој медиум, повеќето од повредените имаат повреди на главата, скршеници на носот, забите.

Има и неколку лица кои се лекувани на ортопедија од скршеници на коските.

Министерот за здравство Златибор Лончар рано утринава изјави дека во Ургентниот центар пристигнале 29 повредени лица, од кои четворица се со тешки телесни повреди и се згрижени, изјави Златибор Лончар коментирајќи ја сообраќајната несреќа што се случи кај Младеновац.

Сообраќајна несреќа се случила утринава во 5 часот и 40 минути во местото Ветрењача кај Младеновац.

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ посочил дека добил информација дека дошло до сообраќајна незгода во околината на Белград, но се уште не се знае причината за несреќата.

Според жителите на Мали Пожаревац, во овој дел на патот, каде утрово се случила несреќата, многу често се случува да се вози со брзина над дозволената.

Поврзани објави
Total
0
Share