Единаесет грански синдикати во КСС нема да протестираат по повод Меѓународниот ден на трудот

, Добро е што конечно им текна дека треба да излегуваат на улиците и да си ги бараат соите права. Но, мислам дека во иднина ако имаме коректни односи меѓу двете синдикални организации дека да, за некој е вистинско право, а не изнудено право дека можеме заедно да излеземе низ улиците и да си ги бараме своите права”, нагласи Ралповски.

Тој појасни дека на денешниот протестот организиран од Сојузот на синдикати по повод Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај нема да излезат 11 грански синдикати – Самостојниот сидникат на образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудство на Македонија, Синдикат за транспорт и врски, Синдикатот на станбено – деловни, комунални и водостопански организации на Република Македонија…Ралповски додаде дека на денешната свечена првомајска академија, што се одржува во просториите на СОНК, биле поканети сите политички партии за да ги презентираат своите економски програми. Поканата ја прифатиле само ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Движење ЗНАМ – За наша Македонија!.

Поврзани објави
Total
0
Share