Европски фронт: Мицкоски во тешкo дереџе, спасот го бара кај Левица

Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе спадна два дена пред поразот, покажуваат повиците за помош од Левица и ЗНАМ на Димитриевски, велат од Европскиот фронт предводен од ДУИ.

„Тој дури бара спас и помош од албанската опозиција за, како што рече вчера Мицкоски, да ги урива Европскиот фронт и ДУИ.

Сепак, иако измислува различни причини, јавноста знае дека вистинската борба на Мицкоски се рамноправните позиции на Албанците и другите етникуми во Северна Македонија. Тоа веќе е само една прочитана книга, кој не може да ги сокрие антиалбанствотоци и антизападните политики.

ДУИ и Европскиот фронт им ставаат до знаење на Мицкоски и руските соработници дека ДУИ и Европскиот фронт ги поставиле темелите од 2001 година, со Охридскиот рамковен договор, Преспанскиот договор и членството во НАТО, како и уставните измени кои ќе се случат веднаш по изборите на 8 мај.

И, Мицкоски, сакал или не, ДУИ и Европскиот фронт ќе бидат гаранти на европскиот пат на Северна Македонија, а ВМРО и другите соработници на Москва, по 8 мај, ќе бидат само опозициски гледачи на членството на Македонија во Европската Унија“ порачаа од Европскиот фронт.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share