Европски фронт: Економски рамковен договор за еднакви можности, функционален пазар и фер конкуренција

Кандидатот за пратеник во втората изборна зона, Елми Азири преку пресс конференција го претстави Договорот за економски консензус (Економски рамковен договор), како еден од трите столба на платформата на Европскиот Фронт „Европа 2030“.

„Економијата и животниот стандард на граѓаните е една од нашите приоритетни определби и ќе биде наслов на владата по 8 мај. Во периодот што го оставивме зад нас, бележивме резултати, покачувања на плати, колективни договори, поддршка на приватниот сектор и граѓаните од социјално ранливите категории, покачување на пензиите и субвенции во повеќе сфери. Ова не е доволно, туку е поставена здрава основа за заживување на економијата на државата и вашите семејни економии.

Ова не е доволно, туку е поставена здрава основа за заживување на економијата на државата и вашите семејни економии. За да постигнеме животен стандард кој е близок, а зошто не и еднаков на другите европски граѓани, ги поставивме економските прашања како еден од трите централни столба на нашата програма Европа 2030“, рече Елми Азири.

„По Охридскиот договор, Договорот од Преспа и Договорот за добрососедски односи со Бугарија, дојде време за голем договор, а тоа е Договорот за економски консензус (економски рамковен договор).

Овој договор има за цел да обезбеди рамка за еднакви можности во функционална слободна пазарна економија со фер конкуренција и правичен регионален развој и инфраструктура што создава еднакви можности во економијата за сите учесници без разлика на нивната етничка, културна, полова и други групи на општеството.

Договорот за економски консензус ќе обезбеди политички и социјален консензус за развојните приоритети, политики и клучни реформи кои ќе овозможат социјална еднаквост и еднакви економски можности за сите, ќе создадат оптимизам и ќе промовираат забрзан економски раст (над 5% годишен раст на БДП), одржлив и сеопфатен развој за повисок стандард и квалитет на живот на сите граѓани.

Договорот за економски консензус се заснова на стратешката ориентација на земјата за членство во Европската унија и евроатлантската дефиниција на земјата во геостратешки контекст, како членка на НАТО и стратешки партнер со САД.

Договорот има за цел следните приоритети:

– Конкурентна економија и дигитална трансформација;

– Одржлив развој и зелена трансформација;

– Современа инфраструктура и правичен регионален развој;

– Човечки капитал и квалитет на живот; како и активна младина и еднакво општество.

Конкурентната економија и дигиталната трансформација значи забрзан раст и стабилни финансии, добро опкружување за бизнис, борба против монополите и олигархијата, борба против неформалната економија и фер и лојален даночен систем, како и поддршка на бизнисот, паметна специјализација и дигитализација на економијата.

Одржливиот развој и зелената трансформација ќе се фокусираат на чиста и здрава животна средина, безбедна, обновлива енергија и енергетска ефикасност, како и модерно земјоделство и одржлива храна.

Модерната инфраструктура и рамноправниот регионален развој се клучни за мала и отворена економија, имено паневропските коридори 8 и 10 ја ставаат нашата земја на крстопат и создаваат конкурентни предности со современиот транспорт и комуникација, автопатиштата и железницата.

Човечкиот капитал и квалитетот на животот се детерминанти во продуктивноста на економијата преку квалитетно образование, модерно здравство и одржлива социјална сигурност.

Активната младина и еднаквото општество ќе создадат привлечна средина во нашата земја со културна различност, нови можности за млади, спорт и рекреација, како и граѓански активизам во сите области од животот. Исто така, демографијата, миграцијата и дијаспората ќе бидат во вниманието на сите економски и социјални политики за создавање нови перспективи.

Договорот за економски консензус ќе ја направи Северна Македонија пожелно место за живеење на нашите граѓани, за задржување на младите во земјата и за враќање на дијаспората, атрактивно место за туристи и омилено место за инвеститорите.

Со овој договор ќе бидеме самата Европа!

Нејзината реализација останува наша обврска, бидејќи вие на 8 мај со вашиот глас ја потврдувате и продлабочувате големата победа на Европскиот фронт“, изјави Елми Азири, кандидатот за пратеник во втората изборна единица.


    Поврзани објави

    АА:ВРЕДИ требаше да го отстрани Стоилковиќ а не Садики, ова им ја потврди слабоста и целосно му го дадоа министерството на Стоилковиќ

    Алијанса за албанците смета дека последната одлука на ВРЕДИ за смена на Сафије Садики од Министерството за односи…
    Повеќе
    Total
    0
    Share