Европски фронт/Ахмети: Ќе ја постигнеме најголемата победа од осамостојувањето на државата

Денеска во Тетово, првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, потпиша коалициски договор за Европскиот фронт со претседателот на ДПА, Мендух Тачи, со претседателот на Движењето Народ, Скендер Реџепи – Зејд и претседателот на ДЕП, Аријанит Хоџа.

Јас вооопшто не се сомневам дека Албанците од Македонија ќе ја извојуваат најголемата победа што некогаш ја постигнале во историјата на независноста на оваа држава. Не сум имал никакви проблеми, бидејќи ова прашање почна пред две години , беше смислено со најголема смиреност, со најголемi причини и ова беше врвниот момент за да се собереме во фронт, а овој фронт ќе биде непобедлив и не привремен до реализација на нашите цели, до членството во ЕУ, и на овој фронт треба да му се приклучат и нашите македонски сограѓани, бидејќи поразумни, поодговорни и посвесни за иднината на оваа држава од албанските политички субјекти, 24 години по ред, не сум видел, ниту ваква сериозна и голема заложба, изјави претседателот на ДУИ, Ахмети, обраќајќи се пред присутните.

Во продолжение ви го пренесуваме говорот во целост:

Почитувани браќа и сестри,почитувани претседатели, Скендер, Мендух и Аријанит,почитуван премиере и кандидат за претседател, г-не Османи,Почитувани членови, партиски лидери сега заедно во ист фронт. Уште еднаш кажав дека трагедијата е немање цел и дека губењето на целта не е трагедија. Нашата цел како Албанци, останува свежа и неопходна веќе 22 години, да дејствуваме правилно во вистинско време и миг. Во 2001 година, сакам да им се потсетам на луѓето од оваа цел, Арбен Џафери, Имер Имери, Абдулрахман Алити, кои се приклучија на цел еден фронт за унапредување и целосно менување на политичкиот и правниот статус на Албанците во Република Македонија, а оваа цел никогаш не отстапи од курсот кон единство, кон соработка, и еве денес се случува овој момент и ние сме тука незапирливи и продолжуваме, не само партиите што останаа, туку и другите заедници да се обединат околу овој фронт,како што се Турците и Ромите, и ние никогаш не сме барале милостина или противуслуга, бидејќи Охридскиот договор ги унапреди и оние заедници кои беа дискриминирани и маргинализирани. Ако ние сме биле дискриминирани како народ, тие како маргинализирани социјално, затоа ние сме вистинските гаранти затоа што сме доживеале на наш грб што е дискриминација, доминација, така и малите заедници, како што ние успеавме за 22 години, во овој фронт ќе успееме со прогресивна геометрија да ги напредуваат уште повеќе заедно со нас, и од оваа цел, ние не отстапуваме. Во 2001 година бев многу млад, но се гордеев што бев меѓу двајцата постари кои ја сакаа слободата на својот народ и потпишавме договор со Арбен Џафер и Имер Имерi да бидеме заедно. По војната, нашето општество, но и ние, не бевме толку подготвени за долги мисии и оние обиди што доаѓаа од срце не успеавме да ги реализираме, но не се откажуваме од целите и ова денес е реалност, и овој фронт не се прави за партиски или лични придобивки, овој фронт се прави за да може да победува во мисиите (што следат), а на нашата земја местото и е таму, во ЕУ, како што сме веќе во НАТО, како што по неколку години да биде во Европската Унија, да бидат достојно претставени во сите европски институции, но со уште посилно пријателство со САД. Ако пред 22 години некому ќе му кажевте дека ќе бидат преземени касарните на Младиќ за да станат универзитет, луѓето ќе кажеа дека овие се луди, ако некому пред 22 години ќе му кажевте дека во оваа земја ќе има премиер Албанец, ќе ви кажеа дека овие се луди. Доколку некому пред 15 години ќе му кажевте дека јас и Мендух Тачи заедно ќе потпишеме договор за некаков фронт, ќе кажеа дека тоа е лудост, но тоа е многу точно, јас не се откажувам од минатото, ако имам носталгија, имам за илегалното движење, и тоа ја направи таа силна челична нишка да не го изгубам трпението или горчината кон Мендух Тачи, затоа што тој припаѓаше на мојот табор,со кого заедно се боревме да ја урнеме империјата на Југославија. Точно е дека одвреме-навреме ме навредувал, но кому друг би му го правел тоа, не можел да се „занимава“ со директорот на театарот, Адем Карага, секако дека би се пресметал со мене, а не да се натпреварува со театри или кукли, туку сакал да биде мој опонент. Но, заради мали нешта што се случиле (порано), не треба да ги губиме големите цели, затоа е силно ова партнерство што се создава, затоа што тие никогаш не одлучиле, дека и тројцата и партиите што ќе се приклучат на овој фронт, сите тие се решиле за приоритетни стратешки цели, за да фронтот биде не само единствен, туку и силен и победнички. Јас вооопшто не се сомневам дека Албанците од Македонија ќе ја извојуваат најголемата победа што некогаш ја постигнале во историјата на независноста на оваа држава. Не сум имал никакви проблеми, бидејќи ова прашање почна пред две години , беше смислено со најголема смиреност, со најголем разум и ова беше врвниот момент за да се собереме во фронт, а овој фронт ќе биде непобедлив и не привремен до реализација на нашите цели, до членството во ЕУ, и на овој фронт треба да му се приклучат и нашите македонски сограѓани, бидејќи поразумни, поодговорни и посвесни за иднината на оваа држава од албанските политички субјекти, 24 години по ред, не сум видел, ниту ваква сериозна и голема заложба. Зошто го направивме ова? Затоа што ние навистина сакаме да бидеме и излеземе во пресрет (на земјата) и да ја преземеме одговорноста дека сме ја прифатиле оваа држава, и не само што сме ја прифативме туку и дека таа е и наша држава, затоа не сакаме во нашата куќа не сакаме да бидеме кираџии, дека сме се бореле и извојувавме политичка, дипломатска, воена победа, и дека ќе победиме и во историската мисија за приклучување на нашата земја во ЕУ. Успех и честитки за сите што работите рамо до рамо, затоа што ние сме браќа, без разлика дали е некој од ДПА, од Народна партија или од Партијата за Европа или од ДУИ, вие сте браќа, победата е на сите вас и во оваа тврдина, сите по еден камен да поставиме, ќе ја зацврстиме тврдината. Вие сте тие што ќе ја пренесете и ширите големата вест дека Албанците се заедно, а тука е силата на мобилноста и организираноста.

Да живее нашиот народ!

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share