Европски фронт/ Ахмети: Коалицијата со Бошњачкиот демократски сојуз не прави убедливи победници

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Движењето Народ на Скендер Реџепи Зејд, ДЕП на Аријан Хоџа, со Турската демократска партија, со Унијата на Ромите и со претставниците на Движењето за правда и демократија на Турците на Македонија, со претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска потпишаа коалициски договор и со претседателот на Бошњачкиот демократски сојуз, Мунир Колашинац.

Во својот говор, Ахмети во паркот на Чаир ја подвлече важноста на денешната коалиција како знак на солидарност за споделување на болката за сите оние кои загинаа за време на војната во Босна и Херцеговина.

„Овој договор е потпишан пред споменик кој не враќа во времето на болка, а оваа болка ја споделивме заедно со нашите бошњачки браќа, не само споделувајќи ја болката, туку и преку солидарност и учество на војните фронтови. Сакам да се потсетам на Беким Бериша, кој во тоа време се здоби со тешки рани во војната во Босна и на крајот загина херојот во Јуник, Косово. Во оваа прилика сакам да ве потсетам на сите оние изгубени животи за време на таа крвава војна и геноцид. Затоа, претседателот на Бошњачкиот демократски сојуз се согласи овој договор да го потпишеме токму пред овој споменик, со кој ќе се потсетиме на болката, трагедијата и геноцидот“, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Ахмети додаде дека овој договор е направен за да се каже ,,НЕ” на Русија, ,,НЕ “за геноцидот и насилството во Украина.

,,Со ова приклучување на Бошњачкиот сојуз кон Европскиот фронт се зајакнува овој фронт и го прави убедлив победник на претседателските и парламентарните избори. Заедно ,велиме ,,НЕ” на Русија и ,,ДА” за Европа .Со оваа парола ги повикуваме сите граѓани на Македонија, мирот, стабилноста, безбедноста и иднината да ги градиме заедно. Овој фронт е мисионер на мирот, да живее народот и победата на 24 април и 8 мај на претседателските и парламентарните избори“, рече Ахмети.

Претседателот на БДС, Мунир Колашинац, во својот говор рече дека неговата партија станала дел од победничкиот фронт, па како заедница ќе придонесат за европска иднина на земјата.

„Бошњачкиот демократски сојуз, по внатрепартиските консултации, одлучи да се приклучи на Фронтот на победата за Европа, за да ние како Бошњаци го дадеме својот придонес за оваа најдобра иницијатива за нашата земја. Преку Европскиот фронт, ние Бошњаците веќе го направивме вистинскиот избор, здружувајќи се заедно со другите заедници за европска иднина на Северна Македонија“, изјави Колашинац.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share