Европски фронт:Граѓаните се подготвени за премиер за сите

Премиерот Талат Џафери денеска преку прес конференција како претставник на Европскиот фронт изјави дека граѓаните се подготвени да преземат должности и одговорности.

Премиерот Талат Џафери денеска преку прес-конференција како претставник на Европскиот фронт изјави дека граѓаните се подготвени да преземат должности и одговорности, па како што рече, докажале дека одговорноста за раководството на државата ја носат подеднакво, како пример за зрелост и заемно почитување.

Во продолжение целиот говор:

Собрани за да се потврди и изрази благодарност за поддршката и довербата што сме ја имале секогаш од вас.Благодарение на оваа поддршка, меѓутоа и на целосната доверба на лидерот Ахмети, јас ви се обраќам како прв премиер Албанец и истовремено, како кандидат за пратеник.Ви се обраќам со мирна совест, затоа што тоа што го ветив кога ја преземав одговорната должност на Премиер, го спроведував и продолжувам да го спроведувам доследно. Работев посветено и професионално

. Убеден дека ќе ги отстраниме еднаш и засекогаш всадените предрасуди и стереотипи во широкиот менталитет дека Албанците не можат, не знаат и немаат право!Напротив!Не ве разочарав ниту вас, ниту граѓаните на Македонија.Владата, под мое водство, иако прв приоритет и беше одржувањето на редовните претседателски и парламентарни избори на фер и демократски начин, ве уверувам, а и вие самите сте сведоци, не беше во ниту еден миг надвор од рамката на функционална и доверлива институција за вас почитувани граѓани!Тука бевме за секое барање и на ваша услуга!

Докажавме дека одговорноста и водењето на државата ги носиме на еднаков начин, станувајќи пример на зрелоста и взаемната почит.Докажавме дека можеме да владееме одговорно во целата земја, во сите околности и со сите граѓани. Тоа се вредности што ги негуваме уште од независноста на државата, за градење на рамноправна држава и општество.

Албанците можат, знаат и имаат уште поголем потенцијал!Албанците се подготвени за еден премиер за сите!Еден Премиер кој што ќе практикува добро владеење кое се карактеризира со – транспарентност, учество, ефикасност, одговорност, отчетност, рамноправност, косензус и кохезија;Ќе се грижи за владеење на законот и правото;Ќе се бори против корупцијата и организираниот криминал;Ќе води сметка за една професионална администрација и дигитализирани јавни услуги;Ќе се грижи редот и безбедноста да се спроведуваат од органите на редот и безбедноста со цел да ги гарантираат слободата, мирот и сигурноста за секој граѓанин и правен субјект;

И над се, премиер кој што ќе стои силно зад нашиот став кој што силно вели – не на Русија – да за Еверопа!

Работејќи посветено на:

– Интеграцијата на земјата во Европската Унија;

– Правејќи ги уставните измени во 2024 година;

– Отворањето на преговорите со Европската Унија во 2024 година и на крај:

– Полноправно членство во Европската Унија во 2030 година;

За постигнување на ова, нема да отсуствува туку напротив, ќе ја зајакне уште повеќе регионалната соработка во рамките на добро познатите иницијативи, односно:

– Берлинскиот процес;

– Планот за раст на Западен Балкан на Европската Унија

Затоа што ние, географски и како цивилизација, сме дел од Европа и за нас, сонцето, како што рекле и преродбениците, изгрева на запад.

Премиерот за сите ќе води сметка за:- продолжување на политиките и ставовите на безбедносната и надворешната политика унифицирана според НАТО;- продолжување на унифицираните безбедносни и надворешно политички ставови со Европската Унија.

– за спречување на руското влијание во Македонија и за одржување на стратешкото партнерство со САД.Затоа ни треба силна поддршка од вас,

– За продолжување на про-европската политика на Македонија;

– За доброто на државата:

– За доброто на децата и младите поколенија!

Затоа:

Сите за број 4!

Гласај 4!

Ви благодарам на вниманието!

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share