Европскиот фронт го промени Уставот, избра претседател на Собранието и претседател на државата

Европскиот фронт во Скопје денеска ја одржа првата конститутивна симулациска седница на победничкото Собрание од парламентарните избори како и инаугурацијата на победничкиот кандидат на претседателските избори др. Бујар Османи во име на новоизбраното Собрание.

Конститутивната седница на Собранието ја отвори претседателот на ДУИ, Али Ахмети, а откако ги поздрави пратениците и присутните, најпрво избра двајца заменици Фатима Османовска и Бејџан Иљаз, а како прва точка на дневен ред ја предложи верификација на мандатите на пратениците и втора точка избор на претседател на Собранието.

По изборот на Зиадин Села за претседател на Собранието, како трета точка на дневниот ред, се предлагаат уставните амандмани со кои бугарскиот, хрватскиот, црногорскиот, словенечкиот, еврејскиот и египетскиот народ ќе станат дел од Уставот на Република Северна Македонија, преку измена на уставот со гласање на 120 пратеници.

Четврта точка на дневниот ред беше Свечената декларација на претседателот на Република Северна Македонија, а по говорот на др. Бујар Османи, првата конститутивна седница на Собранието на Република Северна Македонија беше завршена.

Поврзани објави
Total
0
Share