Европската Унија воведува царина на земјоделските производи од Русија и Белорусија, Полска бара целосна забрана

Европската комисија во следните денови ќе наметне царина од 95 евра на тон житарки од Русија и Белорусија и тарифи од 50 отсто на маслената репка, сончогледот, кикириките и сојата, како и нивните деривати, за да ги смири своите земјоделци и некои држави членки.

Овој потег е одговор на протестите на фармерите низ Европската Унија против рестрикциите од Зелениот план кој треба да се бори против климатските промени и за повторно воведување на земјоделските производи од Украина укинати по почетокот на конфликтот во 2022 година.

Земјоделците од Полска, Унгарија, Словачка и Бугарија протестираат поради тоа што укинувањето на царините за украинските земјоделски производи ги поткопува нивните цени.

Премиерот на Полска Доналд Туск побара од ЕУ целосно да го забрани увозот на земјоделски производи од Русија и Белорусија.

Поврзани објави
Total
0
Share