ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

ВМРО и СДСМ веќе се обединија против барањето на Демократската унија за интеграција и Европскиот фронт изборот на претседателот да биде во Собранието, како главна точка на Платформата што лидерот Али Ахмети ја истакна во промоцијата на Бујар Османи за претседател на државата.

Во реакцијата од ДУИ се вели:Демократската унија за интеграција и Европскиот фронт ги потсетуваат двете гореспоменатите партии дека, како што оствари првиот премиер Албанец, така ќе биде и првиот претседател Албанец.Јавноста знае дека на почетокот ВМРО, СДСМ и нивните поддржувачи беа ПРОТИВ „премиерот Албанец“ но денес – Талат Џафери ја предводи Владата, а министри од ВМРО и СДСМ се дел од неговиот кабинет.Широката мултиетничка коалиција Европски фронт докажа дека политиките на ДУИ биле и се за целосна рамноправност на сите граѓани, без разлика на етничката и верската припадност, а главната цел останува најбрзото можно членство на Северна Македонија во Европската Унија.Ова ќе биде запечатено на 24 април со претседателот што доаѓа, д-р Бујар Османи, и на 8 мај, кога Европскиот фронт ќе биде клучот што ги отвора вратите на Владата во следниот мандат.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share