ДУИ: Мицкоски сака враќање на државата пред 2001 година, Македонија без Албанци

Мицкоски и ВМРО јавно бараат  Македонија без Албанци. Тој дури отворено ги повикува сите Македонци да се обединат против Али Ахмети и ДУИ.

,,Мицковски на митингот во Кратово побара обединување на сите Македонци за Албанците да не добијат ниту еден пратеник во третата изборна зона.

Вокабуларот на Мицкоски не е само против Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија, туку и против Охридскиот рамковен договор, барајќи конкретно враќање на државата пред 23 години.

ДУИ и Европскиот фронт изразуваат длабока загриженост за националистичкиот и антиевропскиот речник на ВРМО, кој чувствувајќи го поразот на 24 април и 8 мај, поттикнува меѓуетничка и антиевропска омраза во Македонија.

Воедно, го потсетуваме Мицкоски дека Македонија е веќе дел од НАТО со премиерот Талат Џафери, а претседател ќе биде најуспешниот шеф на дипломатијата досега, д-р Бујар Османи.

Ја повикуваме албанската опозиција да се вразуми и да не стане алатка на руската агенда што ја прокламира ВМРО и нивните гласноговорници”,велат од ДУИ.

Поврзани објави
Total
0
Share