ДУИ: Масовно да ја поддржиме кандидатурата на д-р Бујар Османи

На полноќ почна изборната кампања за претседателските избори закажани за 24 април. Демократската унија за интеграција во оваа прилика ги повикува политичките партии-учеснички на изборите на 24 април да водат мирна и демократска кампања, заснована на конкретна програма и понуда.Воедно, ги повикуваме активистите и граѓаните да се воздржат од можни провокации кои можат да дојдат од различни кругови кои сакаат да ја дестабилизираат државата, и да влеат страв и предизвикаат криза во пресрет на претседателските избори на 24 април.Демократската унија за интеграција и Европскиот фронт се убедени дека на 24 април кандидатот за претседател, д-р Бујар Османи, исто како и на 8 мај – на парламентарните избори, коалицијата „ДА за Европа, НЕ за Русија“ ќе извојуваат најубедлива победа забележана досега во Северна Македонија.Програмата и понудата на идниот претседател, д-р Бујар Османи ќе биде претставен од град во град, село по село и врата до врата, за да покажеме дека гласот за кандидатот под реден број 4, е глас за европска Македонија и за безбедна и просперитетна иднина на секој граѓанин на државата.Со желба за европска кампања, Демократската унија за интеграција ги повикува граѓаните масовно да ја поддржат кандидатурата на д-р Бујар Османи и со ова да го продолжиме евроатлантскиот пат и најбрзото можно членство на Северна Македонија во Европската Унија.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share