ДУИ: За победникот одлучуваат граѓаните, а не ВМРО

Жедни за власт, ВМРО-ДПМНЕ континуирано го оспоруват меѓуетничкиот соживот и толеранцијата, предизвикувајќи збунетост во мислењето дека токму оваа партија може да одлучи која албанска партија е достојна за владејачко партнерство. Потпретседателот на ВМРО, Александар Николовски, во изјава за медиумите рече дека „Соработката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ по изборите е невозможна“.

Ги информираме ВМРО и неговите деривати во албанската опозиција дека граѓаните се главните партнери на Демократската унија за интеграција и тие се оние кои одлучуваат кој ќе ја води Владата во следниот мандат. Во отсуство на понуда за подобар живот на сите граѓани и во страв од длабоката победа на идниот претседател Бујар Османи и на Европскиот фронт, ВМРО и албанската опозиција продолжуваат со валканиот изборен речник, сакајќи да ја минимизираат секоја промена што и се случи на државата и на граѓаните. Европскиот фронт е сериозна коалиција со голема одговорност чија основна задача е да го трасира европскиот пат на државата и да не игра игри со зборови кои од политички причини ја доведуваат во прашање иднината на државата и нејзините граѓани.

Истовремено, апелираме до македонската и до албанската опозиција, ДУИ , на 8 Мај ќе биде во позиција да го избере партнерот во власта, а не ВМРО, бидејќи Европскиот фронт ќе надмине +20 пратеници.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share