ДУИ ги потврди листите за пратеници, поддршката за Европскиот фронт и кандидатурата на Османи за претседател

Генералното собрание на Демократската унија за интеграција денеска во Тетово го одржа шестиот состанок на кој се расправаше за Европскиот фронт, претседателските избори и утврдување на кандидатските листи за пратеници.

Претседателот Али Ахмети ги информираше членовите на Генералното собрание на ДУИ за формирањето на Европскиот фронт и заедничката програма на коалицијата за евроинтеграции и спречување на руските влијанија во нашата земја и регионот.

Уставни измени, евроинтеграцијата, добрососедството, бескомпромисната борба против организираниот криминал и корупција, економскиот рамковен договор, беа клучните зборови на заедничката програма.

Едногласно ,Генералното собрание на ДУИ го поддржа формирањето на Европскиот фронт и заедничката кандидатура за претседател на Бујар Османи.

Генералното собрание на ДУИ ги потврди листите со кандидати за пратеници на Европскиот фронт презентирани од претседавачот Ахмети, и тоа:

I-ва изборна единица, носител на листа Блерим Беџети
II изборна единица, носител на листа Садула Дураку
III изборна единица, носител на на листа Сулејман Баки
IV изборна единица, носител на листа Енвер Хусеин
V-та изборна единица, носител на листа Зиадин Села
VI-та изборна единица, носител на листа Али Ахмети

Генералното собрание на Демократската унија за интеграција ги повикува сите членови на ДУИ и сите граѓани да го поддржат Европскиот фронт и нашата кандидатура за претседателските избори д-р. Бујар Османи.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share