ДУИ:Изборниот процес се одвиваше непречено и без инциденти

Арбер Адеми од ДУИ вечерва на прес конференција истакна дека гласачките кутии се веќе затворени.

Според него, процесот на гласање се одвивал непречено и без инциденти.

„Дозволете ми во име на изборниот штаб на Европскиот фронт да изразиме благодарност до секој гласач што ја избра европската иднина на земјата.Европскиот фронт ќе биде сведок на историска победа на овој сенароден референдум кој ќе ја запечати европската иднина, враќање назад нема и нема да има, волјата на граѓаните е пред се – рече Адеми.

Шефот на изборниот штаб на ДУИ, Арбер Адеми информира дека Европскиот фронт ги оставил своите поддржувачи самите да одлучат дали ќе гласаат на претседателските избори. Според него, ако се направи споредба меѓу процентите на излезноста меѓу двата вида на избори, има мала разлика, но не до тој степен што би се одразила на фактичката состојба.

-Имало поддржувачи на Европскиот фронт кои што денес ја изразиле својата волја за претседателските избори. И претседателот Ахмети гласаше, и премиерот Џафери гласаше денеска, како и министерот за надворешни работи гласаше. Граѓаните по слободно убедување одлучиле дали да гласаат. Јас не гласав, рече Адеми од прес-конференцијата на ДУИ од Мала Речица.

Поврзани објави

Скендер Реџепи Зејди: За прв пат СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се здружуваат да одбранат антиалбански и националистички политички концепт

Скендер Реџеп Зејди од „Европски фронт“ во емисијата КЛАН дебата, ја осуди соработката на двете главни политички партии…
Повеќе
Total
0
Share