Државјанин на Албанија донесен во тетовската болница без знаци за живот, врз него паднала земја додека копал канал

Вчера околу 15 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавено е дека во тетовската Клиничка болница без знаци за живот бил донесен 54-годишниот Л.Б. од Република Албанија, извести СВР Тетово.

Според пријавеното, додека изведувал градежни работи во тетовски Челопек, околу 14 часот и 30 минути врз него се урнала земја во каналoт што го копале, велат од СВР Тетово.

Тој бил извлечен од каналот и пренесен во приватна ординација во селото за укажување на лекарска помош, по што на пат за тетовската Клиничка болница починал.

Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле увид и врз телото ќе се врши обдукција. Се расчистува и документира случајот.

Поврзани објави
Total
0
Share