Државата треба да врати 2,2 милиони евра, европски пари злоупотребени преку програмата „Еразмус плус“

Поврат на 2,2 милиони евра ќе треба да изврши Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за средства злоупотребени преку програмата „Еразмус плус“. Националната агенција, во текот на овој месец добила известување за конечност на одлуката откако претходно на 30 ноеври 2023 година по електронска пошта од Генералниот директорат за образование млади, спорт и култура на Европската комисија, согласно извештајот на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) биле информирани за барањето за поврат.Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Марко Ѓоргиевски вели дека во известувањето биле информирани дека постојат одредени наоди за неправилности во врска со проектни досиеја на 22 корисници на грант од програмата „Еразмус плус“ финансирани од Европската комисија.Откако го добиле известувањето, Ѓоргиевски рече дека Агенцијата го контактирала Генералниот директорат за образование млади, спорт и култура на Европската комисија и побарала дополнителни информации поврзани со извештајот на ОЛАФ. Целта, како што рече Ѓоргиевски, била „да ги дефинира следните чекори и се што е потребно да се преземе како институција во однос на нивните наоди, но и да побара насоки како ќе се спроведува повратот на средствата доколку барањето за истото се финализира“.

Поврзани објави
Total
0
Share