Драма во Лос Анџелес – Боинг 777 мораше принудно да слета поради можни механички пробеми

Боинг 777 на Американ Ерлајнс денеска мораше принудно да слета на аеродромот ЛАКС во Лос Анџелес по „механички проблеми“, пренесува Си-Би-Ес Њуз.

Патниците на летот од Далас морале да излезат од авионот откако тој се спуштил на пистата 25 во ЛАКС околу 21 часот по локално време.

Портпаролот на Американ Ерлајнс изјави дека пилотот пријавил можни механички проблеми пред полетувањето, но засега не е јасно за каков проблем станува збор.

По слетувањето, авионот бил донесен до капијата, каде што започнал излез на патниците.

Нема пријавени повредени.

Овој инцидент се случи само неколку дена откако лет на Јунајтед ерлајнс, исто така Боинг 777, мораше принудно да слета во ЛАКС, откако тркалото падна за време на полетувањето.

Исто така, уште еден лет во петокот мораше принудно да слета поради проблеми со хидрауличниот систем.

Поврзани објави
Total
0
Share