Дојава за бомби во неколку судови во Подгорица,евакуирани вработените

Зградата во Подгорица, во која се сместени Вишиот, Апелациониот, Врховниот и Уставниот суд, како и зградата на Основниот суд во Подгорица, се евакуирани поради дојави за поставени бомби, јавува РТЦГ.

Вработените се евакуирани, а полицијата ги проверува просториите.

РТЦГ наведува дека ова не е првпат судовите да се евакуираат поради извештаи за експлозивни направи.

На мејловите на судовите пред дваесетина дена пристигнаа пријави кои се покажаа дека се лажни

Поврзани објави
Total
0
Share